Арсенал и без отштета би го пуштил Озил, само нека си оди

Лондонскиот Арсенал е подготвен да се откаже од Месут Озил дури и без да добие обесштетување за германскиот плејмејкер. Платата која ја зема Озил е голема (350.000 фунти неделно) и Арсенал не сака да го плаќа својот најскап фудбалер, па затоа би го ослободиле да оди некаде каде што би заработувал како кај нив.

Озил во Арсенал стигна во летото 2013 година од Реал Мадрид за 50 милиони евра. На почетокот беше водач и лидер на тимови, но веќе две години е во константен пад на формата. Вчера тој стана татко, му се роди ќерката Еда, па веројатно во моментов фудбалот не му е на прво место. Интерес за него има од Фенербахче.

За Арсенал, поважно е да ги задржи играчите на кои договорите им истекуваат во 2021 година, а тоа се Обамејанг, Нелсон и Сака.

И некогашниот член на Топчиите, Андреј Аршавин, ја поддржува идејата за заминување на Озил.

„Озил е играч од светска класа, го почитувам, но ја успорува играта на Арсенал. Не го гледам уште долго во Арсенал. На тимот му треба поинаков тип на играч. Според мене, Арсенал нема избалансиран состав. Нападот е добар, но одбраната е лоша. Исто беше и во мое време“, рече Русинот Аршавин.

- Оглас -

Најнови вести