Арсенал и цела деценија нема да победи на „Стемфорд бриџ“

Евертон – Њукасл (фудбал, Англија, 20.30 часот)

Карамелите по традиција се тим кој го зазема средниот дел на табелата, а и Њукасл е негов сосед на табелата. Евертон е прилично добар на домашен терен, има само три порази на последните 18 меча на „Гудисон парк“. Њукасл има само една победа на последните шест средби, и тоа онаа со Челзи во минатото коло, а на гости не победил на последните четири меча. И традицијата го фаворизира Евертон, кој славеше на гости кај Њукасл со 2-1, а доби и четири од последните пет соочувања дома со Чавките.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Шефилд јунајтед – Манчестер сити (фудбал, Англија, 20.30 часот)

Шефилд од претходните пет лигашки мечеви успеа да добие само еден, а Сити испушти бодови, ремизираше дома со Кристал палас, па двата тима се во лошо расположение. Трката за титулата е загубена за Граѓаните, но тие се поквалитетен тим од Шефилд, кого во декември го совладаа со 2-0. Гостите се фаворити, но и домашните ќе имаат големи мотиви. Сити последен пат гостуваше кај Шефилд во 2006 година, кога победи со 1-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

Челзи – Арсенал (фудбал, Англија, 21.15 часот)

Поразот од Њукасл беше непријатен бидејќи за Челзи се прекина низата од четири меча по ред без пораз. Една од победите во тој период беше против Арсенал, кој игра многу лошо, особено на гостувањата. Од претходните десет гостувања, Арсенал доби само едно, додека Челзи на свој терен има три победи на последните пет меча. Ова е градско дерби во кое не важат ни традиции, ни форма, туку ќе решава мотивот. Арсенал цели девет години не знае за победа на „Стемфорд бриџ“, а без Обамејанг, тешко дека ќе успее да триумфира вечерва.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.56)

 

Наполи – Лацио (фудбал, Куп на Италија, 20.45 часот)

Четврт-финалето од Купот на Италија носи дуел на два тима од југот, чии дресови некогаш ги носеше нашиот Пандев. Неодамна Лацио го победи Наполи со 1-0, но тоа беше лигашки меч, и тоа во Рим, а голот на Имобиле беше и среќен. Сега се игра во Неапол, а Купот е нешто друго. Ако ја надмине психолошката бариера, Наполи може да извојува победа против тимот кој се бори за титула во Серија А. Елмас би требало да биде стартер, а кога игра тој, Наполи има подобри резултати. Лацио од 2015 година нема победа во Неапол.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.85)

 

Брага – Спортинг (фудбал, Куп на Португалија, 20.45 часот)

Спортинг во овој дуел влегува по поразот од Бенфика во лигата, а Брага има три победи во 2020 година. Брага е тим кој на послединте пет меча секогаш игра ефикасно, со примен и даден гол, што не е баш карактеристично за португалските прволигаши. И лани овие тимови се сретнаа во полуфиналето на Купот, тогаш победник беше тимот од Лисабон, но дури по подобро изведување на пенали.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.63)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Шефилд јунајтед – Манчестер сити Т2 1+I & T2 2+ (1.80)

Наполи – Лацио ГГ прво/второ (2.10)

Челзи – Арсенал 1Х & ГГ (2.10)

 

 

- Оглас -

Најнови вести