Арсенал има моќен адут и во традицијата, ја мина критичната точка што го води кон титула

Арсенал има моќен адут и во традицијата, која вели дека ќе ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона откако ја мина критичната точка по 12 кола.

Топчиите се лидери со 31 бод по 12 одиграни натпревари, два бода повеќе од актуелниот првак Манчестер сити.

Досега откако е формирана Премиер лигата, десетпати се случило екипата која е на врвот по 12 кола, а имала најмалку 31 бод потоа да стане и шампион на Англија.

Рекордери се Манчестер сити и Ливерпул со по 34 бода по 12 кола, а Граѓаните тоа го сториле двапати, во сезоните 2011/12 и 2017/18.

Тие се и рекордери со летечки старт и над 30 бода по 12 кола дури трипати, а зад нив се Челзи и Манчестер јунајтед по двапати со 30+.

[Premier League] Best starts for team after 12 matches in Premier league from soccer

- Оглас -

Најнови вести