Лацио со „кец во два“ го нокаутираше Кремонезе туркајќи го кон Серија Б (Видео)

Екипата на Лацио славеше со 2:1 на гости кај Кремонезе во меч од 35. коло на Серија А. Со оваа победа Лацио стигна до 51 бод и се искачи на осмото место на табелата, додека Кремонезе остана на само 28 бодови и е во зоната за испаѓање.

А добро тргна мечот за Кремонезе. Домаќините кои бркаа три бодови за да ги зголемат шансите за опстанок, поведоа со голот на Бонацоли во 29 минута и на полувреме заминаа со водство од 1:0.

Сепак, во вториот дел лацио направи целосен пресврт. Најпрво Исаксон во 52 минута израмни на 1:1, а кога се чинеше дека на крајот ќе биде нерешено, во судиското надополнување се случи драма со среќен крај за гостите.

Холандскиот интернационалец Тиџани Нослин даде гол во 90+2 минута за победа на Лацио од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести