Арсенал ќе го сруши клупскиот рекорд за да донесе напаѓач

Арсенал уште „спие“ во летниот преоден рок. Топчиите кои имаа сезона без ниту еден трофеј, засега немаат доведено играч кој би можел да ја подобри играта на тимот за следната сезона. Сепак, челниците на Арсенал се подготвуваат за офанзива.

Најавите се дека лондонскиот тим се подготвува за да го сруши клупскиот рекорд за трансфер на еден играч. Се подготвува понуда за 24-годишниот напаѓач на Лил, Николас Пепе. Тоа е играчот кој блесна во минатата сезона. Пепе беше еден од најдобрите играчи на Лил, тим кој успеа да се пласира во Лигата на шампиони.

Доколку се случи Пепе да дојде во Арсенал, тоа може да биде за сума од 80 милиони евра. Актуелниот рекорд за еден трансфер кај Топчиите го држи Пјер Емерик Обамејанг, кој во јануари 2018 стигна од Борусија Дортмунд за сума од 65 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

 

- Оглас -

Најнови вести