Арсенал ќе слави на гости кај тимот кој има 13 победи во 2020 година

Портсмут – Арсенал (20:45 ч.)

По пауза од повеќе од една деценија, Арсенал повторно ќе гостува на југот на Англија, во Портсмут. Тимот кој некогаш играше во Премиер лигата, сега со екипи од елитниот ранг може да се сретне само во куп-мечевите. Ова е дуел од осминафиналето во ФА kупот.

Портсмут моментно е во третата лига со надеж дека може да напредува еден ранг на крајот од сезоната. Помпеите одлично ја започнаа 2020 година и во 15 одиграни меча се имаат радувано дури 13 пати. Мечот против Топчиите ќе биде вистински предизвик за нив, а статистиката вели дека во 15 меѓусебни меча во 21 век на овие два тима, Арсенал никогаш не загубил од Портсмут.

Предлог тип:  2 (1.45)

 

Хановер – Кил (20:30 ч.)

Хановер е тимот со најслаб биланс на домашен терен во втората Бундеслига, но тоа мора да се смени ако не сакаат да испаднат. Ако на Хановер не му одговараат дуелите пред своите навивачи, Кил е екипа која едноставно ужива да игра на гости и досега освои 20 бода, што е втор најдобар биланс во лигата.

Головите не би требало да изостанат, а Хановер никако не смее повторно да ги разочара своите фанови.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.95)

 

Алтах – Салцбург (19 ч.)

Во зимскиот преоден рок Салцбург остана без тројцата најдобри играчи. Едноставно австрискиот тим не беше доволно финансиски моќен да ги задржи клучните играчи во налетот на големите европски екипи. Токму затоа Салцбург лесно испадна од Лигата на Европа уште во првата нокаут-фаза, но кога се работи за мечевите од домашното првенство, силата не треба да е загубена.

Салцбург во првенството нема ниеден пораз на гости сезонава, а игра многу ефикасно, па во 10 средби даде 27 погодоци. Алтах и дава и прима голови, па ова треба да е најава за голеада со среќен крај за гостите. На три од последните четири меѓусебни средби Салцбург победува, а има барем четири гола.

Предлог тип: 2&4+ (2.55)

 

Кајсериспор – Ѓозтепе (18 ч.)

Според тоа што досега го покажаа во првенството, домаќините се „печени“ за испаѓање, па и не случајно се последни на табелата. Ѓозтепе е еден од најдобрите тимови на гости и досега освои 18 бодови. Гостите играат цврсто, недозволуваат да примат многу голови, но и не се премногу ефикасни.

Дури и да не го освојат целиот плен на ова гостување, Ѓозтепе не смее да си дозволи луксуз да загуби.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.30)

 

Клуж – Астра (19:30 ч.)

Во Романија започнаа мечевите во плејофот за разигрување за титулата, а Клуж влегува како еден од главните фаворити. Екипата која несреќно беше елиминирана од Севилја во Лигата на Европа, вечерва е фаворит против Астра. Ова е нивен трет меч сезонава, а двата тима имаат по една победа пред своите навивачи.

Астра лошо го отвори пролетниот дел од сезоната и во четири меча има два порази и две ремија. На сите четири дуели прими по два гола, што покажува дека одбраната е проблем за гостите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.07)

 

- Оглас -

Најнови вести