Арсенал ќе треба да даде барем два гола за победа над Лестер

По еден меч од Англија, Италија, Шпанија, Данска и Турција се нашиот избор за советите од денешните натпревари придружени со квотите на денот на SPORT LIFE. Понеделнички неделата може да тргне на убаво доколку направите добитно ливче, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.

Арсенал – Лестер (21 часот)

По неубедливиот старт, Арсенал влегува во форма и вечерва ја чека својата десетта победа по ред во сите натпреварувања. Само во еден од тие девет меча кои Арсенал ги доби немаше и 3+. Арсенал ги има добиено сите девет домашни премиерлигашки дуели со „лисиците“, дури и во онаа сезона кога Лестер стана првак. И Лестер е тим кој сака да се надигрува, често и даваат и примаат голови.

Предлог тип: Т1 2+& ГГ (2.25)

 

Сампдорија – Сасуоло (20.30 часот)

Тимот од Џенова пред паузата за настап на репрезентациите, имаше две победи по ред, има само еден пораз на последните шест меча. Дуелите на Сампдорија обично се неефикасни, од последните пет, четири пати беше 0-2 гола. Сасуоло игра отворено, даде гол на 10 од последните 11 гостувања, затоа веруваме дека мрежите ќе се тресат барем три пати.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.60)

 

Реал Сосиедад – Жирона (21 часот)

Победата во баскиското дерби против Атлетик ја поправи атмосферата во Сосиедад, а вечер на „Аноета“ доаѓа Жирона, која четири кола не знае за триумф, но во своите редови го има расположениот голгетер Кристијан Стуани. Дури 13 од последните 14 меча на Реал Сосиедад дома завршија со 3+ голови. Во минатата сезона, Жирона на овој стадион загуби со 0-5.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.50)

 

Брондби – Оденсе (19 часот)

Некогашните најсилни клубови во Данска сега се просек во својата земја, но фановите со нетрпение ги очекуваат нивните пресметки. Брондби во минатото коло прекина црна серија од три порази по ред, но и Оденсе, иако е во долниот дел на табелата, на последните три средби освои седум бода. Домашниот терен е голема предност во меѓусебните дуели на овие два тима.

Предлог тип: 2-3 гола (2.12)

 

Трабзонспор – Ерзурум (19 часот)

Гостите пред паузата го имаа својот првенец сезонава во елитното друштво, но тешко е да се очекува дека може да изненадат на гостувањето во Трабзон. Тимот од Трабзон дома има четири победи на последните пет меча и прилично е ефикасен бидејќи даде 12 гола. Ерзурум само еднаш од последните шест дуели ја проби границата од 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.04)

- Оглас -

Најнови вести