Арсенал мора да победи на стадион на кој ниеден гостин не славел уште од август

3003 Рома – Лацио (18.00 часот)

Кога се игра градско дерби во Италија, нерешениот исход најчесто е најреален како конечен тип, но Лацио е тим кој сезонава има најмалку ремија во Серија А заедно со Интер. Рома има шест бода повеќе од ривалот, речиси два месеци нема пораз, а Орлите во лигата имаат две победи по ред и ќе сакаат да ги израдуваат фановите со три бода кои ќе им значат многу повеќе од вклучување во битка за место кое води во Европа. Волчицата има дадено 18 голови повеќе од Лацио и тука е нивната предност. Последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со 0-1 гол, последната победа на Рома над Лацио беше пред две години.

Предлог тип: 1-2 I & 12 II (3.00)

 

1113 Брајтон – Арсенал (18.30 часот)

Брајтон е во променлива форма, а Арсенал не смее да помисли ниту на реми, камоли на пораз, ако сака да остане во трка за титулата. Арсенал е тим со најмалку примени голови во Премиер лигата, а Брајтон пред речиси два месеци за последен пат даде повеќе од еден гол на некој меч. Брајтон е незгоден домаќин, на својот стадион нема пораз во премиерлигашки меч уште од август. Во декември во Лондон, Топчиите го победија Морските галеби со 2-0, а Арсенал победи со два гола разлика (4-2) и на последното гостување во Брајтон. Од 2021 не било нерешено во нивните меѓусебни пресметки.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.40)

 

1807 Б. Дортмунд – Штутгарт (18.30 часот)

Борусија е во налет има четири победи по ред, а ако победи и вечерва против Швабите, ќе му се доближи на Штутгарт кој е трети на табелата, на само еден бод. Штутгарт има серија од девет меча без пораз во Бундеслигата, тие се поефикасен тим од Борусија, а за домашните проблем е и што можеби ќе треба малку да калкулираат со оглед на тоа дека в среда имаат важен меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Штутгарт е екипа која во 27 кола има само три ремија, но две од нив беа во последните пет кола.

Предлог тип: ГГ & 4+ (2.20)

 

1631 ПСВ – АЗ Алкмар (18.45 часот)

ПСВ е блиску до освојување на титулата во Холандија, има девет бода предност на шест кола до крајот, и вечерва оди по 25-тата победа во 29-тиот меч сезонава. АЗ Алкмар е четврти на табелата, таму ќе остане и после овој меч, без разлика како ќе заврши. Во претходното коло АЗ беше декласиран од Хераклес со 0-5, и лошата одбрана која ја имаат нема да им донесе ништо добро ни во Ајндховен против тим кој сезонава даде дури 84 гола на 28 меча. Уште од 2010 не било нерешено во нивните меѓусебни дуели, во декември во Алкмар беше 4-0 за ПСВ.

Предлог тип: 1 & 2-4  (2.17)

 

1540 Спортинг – Бенфика (21.30 часот)

Победа на Спортинг ќе значи дека овој тим ќе биде блиску до титула, бидејќи така би имале четири бода плус и еден меч помалку во однос на Бенфика. Ова е градско дерби помеѓу два тима кои имаат само по два порази сезонава. Спортинг има поефикасен напад, Бенфика има помалку примени голови. Бенфика има три, Спортинг четири победи по ред. Во купот, Спортинг ја елиминираше Бенфика, а традицијата вели дека ќе има голови на двете страни и 3+ погодоци. ГГ и 3+ излегуваа нивните пет последни меѓусебни средби во сите натпреварувања.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.96)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести