Реал Мадрид се очекува летово да започне нова ера, со нов тренер. Најавите се дека во следниот период Чаби Алонсо треба да биде промовиран во нов тренер на Кралскиот клуб.
Со доаѓањето на нов стратег, сигурно ќе има и нова визија во клубот, како и нови засилувања. Се најавуваше дека Реал како едно од летните засилувања го планира Мартин Зубименди од Реал Сосеидад. Сепак, сега е многу веројатно дека Реал ќе остане без овој играч, затоа што Арсенал имаше други планови.
Тимот на Микел Артета веќе го договорил Зубименди како засилување за следната сезона.
„Арсенал постигна договор со Зубименди од Реал Сосиедад. Остануваа само формалностите“, вели англискиот новинар Бен Џејкобс и додава: „Арсенал сепак е внимателен. Зубименди и во минатото знаел да се предомисли, но овојпат е речиси сигурно дека тој ќе биде прво засилување за новата сезона“.
минатата сезона се шпекулираше дека Зубименди бил договорен со Ливерпул, но се предомислил и решил да остане на Сан Себастијан. Реал Сосеидад се очекува да добие 60 милиони евра за трансферот на Зубименди.