Арсенал на младински погон победи во ФА Купот

Арсенал со убедливи 3-0 над Блекпул се пласира во следната рунда од англискиот ФА Куп. Унаи Емери одлучи да ги одмори главните ѕвезди за овој меч, па во офанзивната линија играа младинци кои ја оправдаа довербата од шпанскиот стратег.

Жозеф Вилок во два наврати ја тресеше мрежата на домаќините, во 11-тата и 37-та минута, а конечниот резултат го постави Ивоби во 82-та минута од мечот.

Изненадувачка елиминација претрпе и Хадерсфилд од нисколигаш. Откако претходно денес Кардиф беше елиминиран од четвртолигашот Гилингем, сега „питбулите“ на Вагнер беа поразени од второлигашот Бристол сити со минимални 1-0.

Кристал палас со играч повеќе минимално славеше против Гримзби, 1-0, а Њукасл и Блекбурн ќе играат реванш откако средбата на „Сент Џејмс парк“ заврши со 1-1 . Портсмут со гол во судиското надополнување (1-0) го елиминираше Норвич.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести