Арсенал нека купува телефон – Сем Алардајс се нуди да им помогне да се средат

Сем Алардајс е еден од легендарните ликови во Премиер лигата познат по комуникацијата од трибините со помош на статичен телефон со своите помошници, а веднаш се понуди да му помогне на Арсенал.

Во интервју за англиски медиум Сем вели дека може многу брзо да ги коригира очигледните грешки во дефанзивниот ред на Арсенал, а се шпекулира дека поранешниот тренер на Њукасл, Сандерленд, Блекбурн, Болтон, Вест хем, Кристал палас и Евертон е можен наследник на Фреди Љунгберг, односно на Унаи Емери.

„Некој мора да одработи важна работа во соблекувалната. Очигледна е кризата кај Арсенал поради пад на самодовербата кај играчите. Можам да им помогнам, не е проблем. Го сторив тоа во неколку клубови во Англија, можам и во Арсенал“, изјави Алардајс, човек што беше и селектор на Англија во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести