Арсенал немаше милост против Њукасл, трката за титулата ќе биде драматична (Видео)

Арсенал без многу проблеми, со убедливи 4:1 го победи Њукасл во меч од 26 коло на Премиер лигата. Со оваа победа Топчиите стигнаа до нови три бода и заедно со Манчестер сити и Ливерпул остануваат најсериозни кандидати за титулата. Арсенал сега имаат вкупно 58 поени и е на третото место на табелата, но со само еден бод помалку од Манчестер сити и два помалку од лидерот Ливерпул.

Во првата третина од средбата на „Емирати“, домаќините постигнаа два гола и веднаш покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување. Прво Ботман си даде автогол, потоа Каи Хаверц зголеми на 2:0 во 24 минута.

https://twitter.com/i/status/1761485820425380208

https://twitter.com/i/status/1761487266604871984

Четири квалитетни минути беа доволни во второто полувреме за уште два гола во мрежата на гостите. Сака погоди за 3:0, а дефанзивецот Јакуб Кивиор зголеми на 4:0. До крајот на средбата, Њукасл постигна само почесен погодок.

https://twitter.com/i/status/1761507288940962061

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести