Арсенал победи и му кажа „чао“ на Манчестер јунајтед за место во Лига на шампиони

Арсенал го доби лондонското дерби против Вест хем и тоа на гости, победувајќи со 2:1. Топчиите со овој триумф го задржаа четвртото место на табелата во Премиер лигата, последно кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

Двајцата стопери постигнаа голови и ја донесоа победата на Арсенал. Во 38 минута погоди Роб Холдинг за 1:0, а Вест хем израмни пред крајот на првиот дел. Нова радост за гостите донесе вториот стопер, Габриел кој погоди во 54 минута. Токму овој погодок се покажа како клучен и Топчиите ги освоија трите бода.

Арсенал сега има 63 бодови, Тотенхем е петти со 61 бод, додека Манчестер јунајтед кој е на шестото место има само 55 бодови и три меча до крајот, што значи дека Црвените ѓаволи останаа без шанса да играат во елитното европско друштво следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести