Арсенал почна да троши пари: Донесен најскапиот фудбалер во клупската историја

Еден од најбараните играчи во летниот преоден рок,Николас Пепе од синоќа е во Лондон, и тоа во дресот на Арсенал. Крилниот играч на Лил ќе дојде меѓу Топчиите за сума од 72 милиони фунти, што преставува рекорден трансфер во историјата на клубот.

Договорот е Арсенал веднаш да исплати 20 милиони фунти, додека останатите 52 милиони треба да ги дава низ неколку рати во текот на петгодишната соработка со фудбалерот. Пепе блесна минатата сезона во дресот на Лил. Во 38 меча даде 22 гола, а имаше и 11 асистенции, покажувајќи го целиот свој талент.

Пепе е четвртото засилување за Арсенал летово. Претходно кај лондонскиот тим дојдоа Вилијам Салиба, Габриел Мартинели и Дани Себалјос. Со доаѓањето на Пепе, не значи дека Арсенал завршил со доведувањето нови играчи. Сега фокусот е ставен на левиот бек на Селтик, Сем Терни. За неговите услуги Арсенал би требало да му плати 20 милиони фунти на шкотскиот првак.

Арсенал вечерва игра пријателски меч против француски Анже, а целата понуда за обложување на овој меч може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести