Арсенал покажа шампионски карактер, ги растажи Борнмут и Граѓаните! (Видео)

Арсенал прими гол после 9,11 секунди игра, имаше негатива и од 0-2 на половина час пред крајот против Борнмут, но победи со 3-2 и освои важни три бода.

Топчиите имаа повеќе од 20 минути време за целосен пресврт, а канонадата кон голот на гостите, даде резултат дури во 98-ма минута, кога резервата Реис Нелсон даде гол . Сега Арсенал има пет бода предност пред конкурентот за титулата Манчестер сити.

На другите мечеви од Премиер лигата попладнево, Челзи со 1-0 го победи Лидс, стрелец беше Весли Фофана, Брајтон го растури Вест хем со 4-0, додека Астон Вила со автогол и 1-0 славеше над Кристал Палас, а со истиот резултат и Вулверхемтон го совлада Тотенхем.

https://twitter.com/i/status/1632108049279098882

 

- Оглас -

Најнови вести