Арсенал поведе, но Тотенхем го доби јубилејното 200-то севернолондонско дерби (Видео)

Тотенхем го доби големото дерби против локалниот ривал Арсенал со 2:1. Ова беше јубилејно 200-то дерби на двата тима од северот на Лондон. Арсенал поведе со прекрасниот погодок на Лаказет, но кратко траеше радоста на Топчиите.

По една голема грешка на потесната одбрана на гостите, Сон успеа да израмни на 1:1 во 19 минута од дуелот.

Нерешено беше се до 81 минута, кога дефанзивецот на Тотенхем, Алдервирелд со глава го матираше голманот на Арсенал и донесе победа за домаќините. Со овие три бода Тотенхем стигна до 52 бодови на табелата и го прескокна токму Арсенал кој остана на 50 бодови што е доволно за деветото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести