Арсенал продава фудбалер кој одигра само 300 минути за нов клупски рекорд

Екипата на Арсенал ќе го сруши клупскиот рекорд за најскапа продажба и тоа за фудбалер кој минатата сезона одигра само 346 минути. Фулам сака да го купи младиот Емил Смит-Ров за 41.5 милиони евра, што воедно ќе биде и нивни најскап трансфер во историјата, бидејќи никогаш претходно немаат платено повеќе од 30 милиони евра.

Смит-Ров минатата сезона настапи на 13 натпревари за Арсенал, но собра само 346 минути, а неговиот ефект беше две асистенции. Трансферот на 23-годишниот фудбалер ќе биде поскап од оној на Алекс Окслејд-Чемберлејн кој беше продаден на Ливерпул за 38 милиони евра, но и поскап од оној на легендарниот Никола Анелка кој пред 25 години се пресели во Реал Мадрид за 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести