Арсенал сам се победи во Рен, Бенфика „помодре“ во Загреб

Рен направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа откако на домашен терен славеше со 3-1 против Арсенал во првиот дуел. „Топчиите“ практично сами се победија откако по првите 45 минути останаа со играч помалку, а автоголот на Начо Монреал им ја донесе предноста на домаќините.

Избраниците на Унаи Емери поведоа по четири минути игра преку Ивоби, а откако Сократис заработи два жолти картони, Борижо пред паузата израмни на 1-1. Автоголот на Монреал се случи во 62-рата минута, а Сар во 88-мата го постави конечниот резултат.

Динамо Загреб минимално ја совлада Бенфика со 1-0, и тоа со подогок од белата точка кој го постигна Петковиќ во 38-та минута.

Севилја ќе има проблеми во реваншот со Славија Прага откако гостите успеаја да се изборат за реми од 2-2 во Андалузија. Бен Једер ја затресе мрежата уште во првата минута од мечот, пред Сточ да израмни во 25-тата минута. За ново водство на Севилја во првиот дел погоди Мунир, а конечните 2-2 ги постави Крал во 39-тата минута.

Вилјареал ќе го чека реваншот на домашен терен со два гола предност, односно огромни 1-3 по гостувањето кај Зенит. Ибора, Морено и Морланес ја тресеа мрежата за „жолтата подморница, додека почесниот гол на домаќините го постигна Азмун во 35-тата минута.

Единствениот меч на кој немаше погодоци е оној меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Интер. „Нераѕурите“ можеа да стигнат до посакуваната победа, но Марсело Брозовиќ не реализираше од белата точка, неговиот удар го одбрани голманот Трап.

- Оглас -

Најнови вести