Арсенал се враќа на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата

1133 Манчестер јунајтед – Вест Хем (17.15 часот)

И двата тима ја креваат формата и прикажуваат се подобри игри во однос на почетокот од сезоната. Менаџерите на двата тима инсистираат на офанзивен фудбал, со многу шутеви и креирање шанси. Манчестер јунајтед на последниот натпревар, против Шериф во Лигата на Европа даде три гола, а во Премиер лигата одигра две дербија по ред, ремизира со Челзи 1:1 во Лондон, и на домашен терен го победи Тотенхем со 2:0.

Вест Хем славеше на последните два натпревари, против Силкеборг во Лигата на конференции со 1:0 и со 2:0 против Борнмут.

Иако последниот меѓусебен меч заврши со само еден постигнат гол, Јунајтед и Вест Хем имаат традиција да постигнуваат голови, посебно кога играат на „Олд трафорд“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

3007 Лацио – Салернитана (18.00 часот)

Лацио во последните пет меча во Серија А има четири победи и едно реми, а во четвртокот го совлада Митјиланд со 2:1 во Лигата на Европа. Салернирана игра во променлива форма, дома тешко губи, но исто така тешко освојува бодови на гости, посебно кога игра против екипите за највисок пласман и загуби на последните две гостувања Интер и Сасуоло.

Досега во Серија А играле само два пати меѓу себе и на двете средби Лацијалите славеле. Првиот дуел се играл пред 23 години и заврши со убедливи 6:1, а минатата година, на Олимпиково Рим беше 3:0.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.95)

 

3008 Торино – Милан (20.45 часот)

Актуелниот шампион Милан досега има само еден пораз во 11 кола во Серија А и го доживеа од Наполи пред 40-тина дена. Оттогаш забележа четири победи по ред и се искачи на второто место на табелата и притоа има просек од 3 постигнати голови.

Одличната форма Росонерите ја потврдија и во средата кога му дадоа четири гола во Загреб на Динамо. Торино во минатото коло приреди изненадување и како гостин го совлада Удинезе кој игра одлично, но Биковите имаат традиција да играат послабо против најголемите италијански екипи. Доказ за тоа е поразот од Јувентус пред две кола, а претходно загубија и од Интер. Во последните пет меѓусебни пресметки во Серија А, Милан славел на четири средби и еден меч завршил без победник.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.73)

 

1957 Истанбулспор – Фенербахче (18.00 часот)

Во чудното турско првенство, Фенербахче е лидер по 11 кола со 23 бода, но осмиот на табелата Кајзериспор има само четири бода помалку. Фенербахче за кого игра и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, откако загуби од Коњаспор минатиот месец, забележа пет победи и одигра без победник во дербито со Бешикташ.

Шампионскиот карактер, Фенербахче го покажа и во четвртокот против Рен, кога иако губеше со 0:3 успеа да дојде до 3:3. Истанбулспор се наоѓа во серија од три порази во низа. Традицијата е на страната на Фенербахче кој во последните пет години славеше на сите осум меѓусебни меча.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.78)

 

1009 Арсенал – Нотингем Форест (15.00 часот)

Арсенал одлично игра сезонава со што кај амбициите на навивачите на Топчиите се највисоки. По 11 кола, Арсенал е лидер на табелата, но Манчестер сити со вчерашната победа над Лестер му го презеде врвот.

Топчиите денеска играат против последнопласираниот тим на табелата Нотингем Форест, кој е главен фаворит за испаѓање и имаат одлична можност со триумф да се вратат на лидерската позиција на табелата.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.07)

- Оглас -

Најнови вести