Арсенал се врати на врвот и испиша историја на Премиер лигата

Лондонски Арсенал повторно е лидер на премиерлигашката табела, откако вечерва со 2-0 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, но Топчиите имаат и еден одигран меч повеќе отколку Манчестер сити и Ливерпул кои се на второ односно трето место.

Арсенал вечерва испиша историја во Премиер лигата. Станаа прв тим кој на гостински терен дал 21 голови по ред без да прими. Последен играч кој му дал гол на Арсенал кога лондонските Топчии гостувале во премиерлигашки дуел е Таиво Авонији од Нотингам форест на 30-ти јануари. Од тогаш, Арсенал нема примено гол на гости, а во овој период даде 22 погодок.

Стариот рекорд го држеше Челзи, кој имаше дадено 20 голови на гости без да прими, во времето кога тренер им беше Луис Фелипе Сколари во 2008 година. На пример Манчестер сити на Пеп Гвардиола никогаш не дал повеќе од 13 гола по ред на гости без да прими.

- Оглас -

Најнови вести