Арсенал се засилува со најдобриот фудбалер во Лигата на Европа

Арсенал е заинтересиран да го доведе Морган Роџерс, пренесуваат британските медиуми. Разговорите за трансферот на 23-годишниот англиски репрезентативец веќе биле одржани.

Неодамна Морган Роџерс беше прогласен за „Играч на сезоната“ во Лига Европа.

Се очекува евентуалната зделка да изнесува околу 93 милиони евра. Тренерот Микел Артета се надева дека Роџерс ќе биде првото големо засилување на Арсенал откако клубот ја освои титулата во Премиер лига.

Морган Роџерс настапува за Астон Вила од февруари 2024 година, кога пристигна од Мидлсбро. Неговиот договор со клубот од Бирмингем трае до 30 јуни 2031 година.

Во сезоната 2025/26, офанзивниот играч за врска постигна 14 голови и запиша 12 асистенции на 55 натпревари во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести