Арсенал си има стар муштерија во ФА купот – Четири пати по ред го елиминира Манчестер сити (Видео)

Пјер-Емерик Обамејанг беше расположен за голови, а Арсенал си има стар муптерија во ФА купот и четврти пат по ред го елиминираше Манчестер сити за пласман во големото финале.

Капитенот на Топчиите постигна по еден гол во двете полувремиња и помогна да се елиминира големиот фаворит и да го доведе Арсенал на прагот на рекордниот 14. пехар во националниоткуп на Англија.

Обамејанг беше прецизен во 19. минута по асистенцијата на Пепе, па немоќен беше Едерсон.

https://twitter.com/D9INEvsFOOTBALL/status/1284565232329748486?s=20

Манчестер сити потоа напаѓаше, но и ги коцкаше шансите за израмнување, па повторно ги казни капитенот на Арсенал. Брзиот Обамејанг и побегна на одбраната на Манчестер сити во 71. минута и повторно го нокаутира фаворитот со гол за победа од 2:0.

Во финалето на Вембли во Лондон, Топчиите ќе играат со подобриот од утрешниот дуел меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

Финалето на 139. издание на ФА купот ќе се игра на Вембли на 1. август.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести