14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Арсенал си обезбеди резервен голман само за еден милион фунти

Арсенал го комплетираше ангажманот на Алекс Рунарсон, голманот на Дижон, само за еден милион фунти. Исландскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Топчиите и ќе му биде резервна опција на Микел Артета, зад Бернд Лено.

Арсенал направи добра зделка со Рунарсон, со оглед на тоа дека остварија профит од 20 милиони фунти по продажбата на Емилијано Мартинес во Астон вила, чуварот на мрежата кој бранеше за Топчиите во финалето од ФА купот и Комјунити шилд.

Рунарсон има 25 години, а во две години како член на Дижон запиша вкупно 45 настапи во сите натпреварувања.

https://twitter.com/Arsenal/status/1308085077746823173

- Оглас -

Најнови вести