Селекторот Бјелса не му прости на Луис Суарес и нема да го повика да биде дел од Мундијалот

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарес, нема да биде повикан во составот на Уругвај за Светското првенство, објави на социјалните мрежи уругвајскиот новинар Родри Васкес. Искусниот 39-годишен Суарес не е на проширениот список на фудбалери повикани за Мундијалот, кој за помалку од еден месец ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Суарес е водечки стрелец во историјата на уругвајската репрезентација со 69 гола, а има и 39 асистенции, во одиграни 143 натпревари. Во 2011 година го предводеше националниот тим до освојување на трофејот на Копа Америка.

Дебито за националниот состав го имаше во февруари 2007 година, а во септември 2024 година го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Неколку месеци по повлекувањето од репрезентацијата, Суарес ја критикуваше работата на селекторот Марсело Бјелса.

Неодамна Суарес изјави дека е подготвен да ѝ помогне на репрезентацијата доколку е потребно, но многу веројатно е дека селекторот Бјелса нема да му ги прости критиките кои ги упати голгетерот на адресата на предводниот на репрезентацијата. Најдобриот голгетер во историјата на уругвајската репрезентација има четири настапи на СП досега.

- Оглас -

Најнови вести