Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, кој беше клучна фигура во освојувањето на Скудетото минатата сезона, денеска полни полни 33 години, клубот му честиташе иако се чини дека Лукаку е предодреден да го напушти Наполи на крајот од сезоната.
Белгиецот се врати во татковината за да работи на враќање на физичката форма за Светското првенство, а потоа веројатно ќе се пресели на друго место (се спомнува преселба во Саудиска Арабија или Турција).
Лукаку има договор со Наполи до летото 2027 година, но откако оваа сезона одигра само седум натпревари за клубот, постигнувајќи еден гол и имаше конфликт со клубот и тренерот Антонио Конте откако одби да се врати во клубот по натпреварите за репрезентацијата на Белгија во март, веќе нема да игра за Наполи.
Без да се збогува со навивачите на Наполи кои му даваа поддршка, Лукаку си отиде во Белгија и нема да биде во составот за следните два натпревари против Пиза и Удинезе.

