Арсенал со победа му честиташе роденден на Венгер, гол-забавата ја отвори Парти

Арсенал со 3-1 ја надигра и победи Астон Вила, па после историски најслабиот старт и трите порази по ред, сега Топчиите со четири победи и две ремија на последните шест меча, делуваат како тим кој нема да се бори за опстанок, туку за излез на европска сцена.

Томас Парти на својот 40-ти меч, го даде првиот гол во дресот на Арсенал. Парти погоди за 1-0, а пред да постигне гол, тој имаше 48 шута кон противничките голови без да ја затресе мрежата.

Денеска 72 години наполни Арсен Венгер, најголемиот тренер во историјата на Арсенал, па и тоа како да беше мотив плус за тимот да се покаже во светло издание.

Сепак, од четирите гола кои паднаа вечерва во северен Лондон, најубав беше тој на младиот Џејкоб Ремзи од Астон Вила. Ова е дебитнтскиот гол на Ремзи во Премиерлигата:

https://twitter.com/i/status/1451652058331942920

- Оглас -

Најнови вести