Арсенал со втора дерби-победа по ред, совладан и Њукасл (Видео)

Екипата на Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата и забележа уште една победа, овојпат над Њукасл на гостински терен со 2-0. Поразот на домашните ќе им го искомпликува пласманот во Лигата на шампионите, за кој ќе мора да соберат уште бодови до крајот на сезона за да останат во топ 4 екипи во англиското првенство.

Арсенал поведе многу рано, уште во 14-тата минута, со погодокот на Одегард.

Конечниот резултат 0-2 за Арсенал ги постави фудбалерот на домашната екипа, Шар, кој си постигна автогол во 72-рата минута.

Арсенал со оваа победа дојде до 81 поен, еден помалку од лидерот Манчестер Сити, кој има и натпревар помалку од “топџиите“.

- Оглас -

Најнови вести