Арсенал во карантин, тренерот Артета е позитивен на вирусот Ковид-19

Микел Артета е позитивен на вирусот Ковид-19, соопшти Арсенал. Сите членови на клубот и оние кои биле во директен контакт со шпанскиот стратег се ставени во домашна изолација и им е препорачано да ги следат правилата на министерството за здравство додека не се преземат дополнителни мерки.

Само пред неколку часа Премиер лигата објави дека нема да ги прекинуваат натпреварите и покрај епидемијата која го зафати светот, а веќе им се појави првиот случај на заразен од смртоносниот вирус.

Тренинг-комплексот на Арсенал експресно е затворен и во следниот период темелно ќе се прочистува со антивирусни средства, додека случајот со Артета би требало да ја промени одлуката на организаторите на Премиер лигата со цел да се сведе на минимум ширењето на вирусот.

Како што е веќе познато, поголем дел од првенствата низ Европа се одложени, исти мерки се преземени и во САД по случајот со Руди Гобер, а и меѓународното натпреварување на Јужна Америка, Копа Либертадорес, исто така се одложи на привремен период.

- Оглас -

Најнови вести