Артета бесен после поразот: “Се срамам што живеам во оваа земја“ (Видео)

Екипата на Арсенал го доживеа првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, откако вчера загуби со 1-0 на гостувањето на “Ст. Џејмс парк“ од Њукасл со 1-0. Многу прашина се крена околу овој натпревар, односно за победничкиот гол на Њукасл.

Според многумина голот е нерегуларен, бидејќи прво топката го напушта теренот, а потоа има и офсајд. Сепак, судиите и ВАР технологијата го признаа голот на Гордон.

Бесен после поразот е и тренерот на Арсенал, Микел Артета, за кого јасно е дека голот е нерегуларен.

– “Како може ова да биде регуларен гол? Срамота е таков погодок да биде признат од повеќе причини. 20 години сум во оваа земја, а сега се чувствувам засрамен. Се обидуваме да направиме големи работи и секој викенд да бидеме на највисоко можно ниво. Ова едноставно не беше гол. За да биде голот регуларен, мора да му петходат работи кои се дозволени во фудбалот.“ – изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести