Артета е блиску да добие засилување во дефанзивата

Габриел Магалјаес, стоперот на Лил, ги комплетираше медицинските прегледи во пресрет на најавениот трансфер во Арсенал. Понудата од Топчиите изнесува 27 милиони фунти, односно 30 милиони евра која Данските доги ја прифатија и наскоро се очекува овој „дил“ да биде завршен.

Манчестер јунајтед и Наполи исто така притискаа да го добијат потписот на бразилскиот дефанзивец, меѓутоа успешната соработка меѓу Лил и Арсенал од претходно е клучен фактор за преселбата на Габриел.

Доколку нема комликации, 22-годишниот Габриел наскоро треба да стави потпис на петгодишен договор со клубот од „Емирати“.

- Оглас -

Најнови вести