Артета има топ-алтернатива ако Одегард не остане во Арсенал

Арсенал и Микел Артета се доста задоволни од Мартин Одегард и тоа како се одвива неговата позајмица од Реал Мадрид. Топчиите наводно се во преговори со Кралевите околу евентуален трансфер на креативниот Норвежанец, но доколку не се постигне договор, Арсенал најде доста квалитетно алтернативно решение.

Артета му фрли око на Пауло Дибала, аргентинската ѕвезда која во претстојното лето се очекува да го напушти Јувентус. Дибала е меѓу играчите кои се ставени на трансфер-листата, а Бјанконерите се отворени да слушаат понуди, дури и би прифатиле адекватна размена меѓу играчи.

Одегард од јануари па наваму, запиша 12 настапи за Топчиите во кои реализира два погодоци, но неговото влијание на теренот ја прави разликата за составот на Артета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести