Артета ќе има за што да жали, Maне ја продолжи серијата против Топчиите (видео)

Ливерпул со сигурни 3-1 го совлада против Арсенал во дербито од третото коло во Премиер лигата и го одржа максималниот учинок. Актуелниот англиски првак доминираше на домашен терен иако гостите од Лондон имаа свои моменти.

Лаказет имаше голема помош од дефанзивецот Робертсон при отворањето на средбата, по што Арсенал поведе со 1-0 по 25 минути откако Ливерпул имаше неколку големи шанси за водство. Сепак, за брзо се проби ѕидот на Топчиите, па Мане и Робертсон до 34-тата минута го свртеа резултатот на 2-1. Сенегалецот  ја продолжи серијата против Арсенал на четири гола во последните пет средби на „Енфилд“, додека бекот се оддложи за подарениот гол на гостите.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1310663499958419459

Арсенал во второто полувреме се најде да ремизира, но Лаказет во два наврати не можеше да го совлада Алисон, кој беше на ниво на задачата. Токму затоа следуваше казна во 88-мата минута, откако Жота го реализира дебитантскиот гол за Ливерпул.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1310683068202659841

По три кола во англиското првенство, Ливерпул има максимални девет бода, додека Арсенал останува на шест бода по првиот претрпен пораз.

- Оглас -

Најнови вести