Артета ќе пазари во Шпанија, играч кој вреди 100 милиони ќе го купува за 60 милиони евра 

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ѝ порача на управата на Топчиите во летниот преоден рок да му донесе засилување во средниот ред од Ла Лига кое е проценето на 100 милиони евра.

Според англиските медиуми, Артета, кој идната сезона планира да ги нападне сите трофеи, на „Емирати“ сака да го види играчот на Валенсија, Хави Гера, кој се смета за еден од најголемите шпански таленти.
Иако е проценет на 100 милиони евра, Арсенал би можело да го ангажира Гера само за 60 милиони евра.

 

Артета е убеден дека Гера е идината на Арсенал, но за да дојде до потписот со фудбалерот, ќе мора да се бори со Реал Мадрид, Барселона, Тотенхем и Манчестер јунајтед, кои исто така пројавуваат интерес.

- Оглас -

Најнови вести