Артета кратко и јасно објасни зошто е тешко да се надигра Ливерпул

Ливерпул е со максимален учинок по три кола откако вчера славеше со 3-1 во дербито против Арсенал. Иако гостите од Лондон ја отворија средбата на „Енфилд“, Мане и Робертсон, како и новото засилување Жота ги задржаа бодовите на Мерсисајд и му го нанесоа првиот пораз во сезоната на Топчиите.

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, по мечот кратко и јасно објасни зошто е тешко да се победи во натпревар против актуелниот англиски првак.

„Ќе се најдеме во ситуација да ослободиме од високиот пресинг на Ливерпул, а потоа доаѓа нова голема пречка во облик на Ван Дајк, кој освојува посед и го проигрува Салах со точна долга топка, по што се отвора шанса за гол на противникот. Тоа е квалитетот кој го поседува тимот на Клоп“, истакна Артета.

На шпанскиот статег ова му е прв пораз од Ливерпул откако седна на клупата на Топчиите на половина од минатата сезона, претходно во два наврати го предводеше Арсенал до победа против Црвените.

 

- Оглас -

Најнови вести