Артета летово се ослободува од фудбалерот кого го плати 35 милиони евра?!

Арсенал до последното коло беше во игра за титулата во Премиер лигата, но сепак, „топчиите“ повторно не успеаја да дојдат до трофејот. Манчестер сити на крајот беше поуспешен, па сега на „Емирати“ се подготвува реконструкција. Многу фудбалери ќе си заминат, ќе дојдат нови, а целта е единствена – трофејот од Премиер лигата.

Еден од оние кои ќе биде продаден летово е португалецот Фабио Виеира, кој во Арсенал пристигна пред две години од Порто за 35 милиони евра. Артета не е задоволен од неговото залагање на тренинзите, а оваа сезона одигра само 17 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања.

Арсенал сигурно ќе загуби на овој трансфер, бидејчи неговата вредност во моментов е 25 милиони евра, 10 помалку од тоа што го купија.

- Оглас -

Најнови вести