Артета нема да штеди муниција за Борнмут

Борнмут – Арсенал (21ч, ФА куп)

Топчиите како фаворити би требало да ја оправдаат улогата и да обезбедат пласман во осминафиналето од ФА купот. Микел Артета не планира да штеди муниција за овој меч, поточно на теренот ќе излезе со силен состав кој ќе го предводи Лаказет во нападот. Со минимални измени, Шпанецот цели на пласман понатаму и воедно да продолжи серијата на неговата екипа без пораз.

На стадионот „Виталити“, Арсенал само еднаш загуби во последните пет гостувања, додека во два наврати освојуваше три бода бидејќи дуелите се играа во рамките од Премиер лигата. Последната нивна средба се одигра токму на теренот од Црешите, во која немаше победник при конечни 1-1. Голови се очекуваат, напоредно со тоа што Арсенал ќе биде „двојка“.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.60)

 

Спортинг Лисабон – Маритимо (22ч, Португалија)

Лисабонските Лавови пред 10 дена го загубија градското дерби против Бенфика, а потоа следуваше пораз и од Брага во Купот, па за да се преболат тие разочарувања, потребно е да се освојат трите бода против Маритимо. Победа на Спортинг треба да се очекува, особено што на домашен терен имаат одличен биланс против вечерашните гости.

Маритимо последен пат триумфираше против Спортинг во 2013 година среде Лисабон, а потоа загуби на осум од вкупно девет средби кои се одиграа на „Жозе Алваладе“ стадионот. Тимот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски со евентуален триумф ќе може да се искачи на третото место на табелата во португалскиот шампионат.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.65)

 

Гимараиш – Рио Аве (19:45ч, Португалија)

Гимараиш и оваа сезона се бори за местата преку кои може да се обезбеди излез на европската сцена. Вечерва е директна битка против Рио Аве, овие две екипи имаат еднаков број бодови по 17 натпревари во шампионатот (25).

Ако се следи традицијата, домаќините треба да слават бидејќи така беше во последните четири средби во кои Гимараиш ја имаше домаќинската улога. Гимараиш во сите четири победи постигна по три гола, така што ефикасноста не треба да се доведува во прашање и за вечерашниот дуел, особено што Рио Аве прими барем по еден гол на осум гостувања сезонава.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

Јени Малатијаспор – Трабзонспор (18ч, Турција)

Амбициите на Трабзон растат со секој нареден меч, а при евентуален резултат во нивна корист вечерва, ќе може да избијат на втората позиција на табелата, пред Фенербахче и Башакшехир. Малатија не е во добра форма, што одговара за гостите кои целат на четврти последователен триумф.

Сепак, Трабзон е без триумф кога гостува во Јени, двата меча ги загуби со 1-0 и убедливи 5-0, но вечерва нема да биде изненадување за сефте победата.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Перуџа – Ливорно (21ч, Серија Б)

Ливорно тоне кон третата италијанска лига, како фенерџија во Серија Б гостува кај Перуџа. Двете екипи се во лоша форма, особено Ливорно, кој нема победено во изминатите девет лигашки дуели. Перуџа, пак, е во лоша серија од четири средби без победа, меѓу кои е и поразот од Наполи во Италијанскиот куп.

Од последните шест меѓусебни средби, дури во пет од нив двете екипи реализирале барем по еден гол, а Ливорно е без победа во лигашки рамки против Перуџа.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести