Артета откри како Арсенал ќе стане шампион на Англија

Арсенал на свој терен денеска игра против Евертон во меч од 25-тото коло, а Топчиите ќе атакуваат на освојување три бода. Лондонскиот тим е лидер во првенството со 57 бода, два повеќе од Манчестер сити, што значи дека евентуален триумф ќе им донесе комотна предност од пет бода.

Ако Арсенал успее да победи, тоа ќе биде само третиот клуб во историјата кој стигнал до 60 бода по 25 одиграни дуели. Тренерот на лидерот, Микел Артета, вели дека е најважно да има повеќе расположливи фудбалери затоа што со едни исти играчи не може да се одржи посакуваното темпо во текот на целата сезона.

„Фактот дека во моментов имаме повеќе опции, дека имаме фудбалери кои се враќаат по повредите, ќе биде решавачки. Играчите не може во исто темпо да го носат целиот товар во текот на 10 месеци. Мора да направиме промени, да бидеме понепредвидливи. Таа можност ја имаме сега“, рече Артета пред дуелот со Евертон.

Арсенал сезонава загуби само три меча во Премиер лигата, а еден од тие порази е токму од денешниот ривал. Евертон во Ливерпул славеше со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести