Артета пресреќен: Конечно олеснување

Арсенал славеше во за нив дербито „да се биде, или не“ против Челзи и по речиси два месеци пауза ја остварија првата победа во Премиер лигата. Микел Артета беше пресреќен по вчерашната средба на „Емирати“ по што конечно му олесна откако неговата екипа беше во голема криза изминатиов период.

„Олеснување е вистинскиот збор. По сè што ни се случуваше во претходните неколку натпревари, како играњето со 10 играчи, повредните, корона-вирусот и сите несреќни моменти по кои останувавме разочарани, човек се запрашува што треба да направиме за да победиме. Кога свиреа пенал против нас си реков „Ова не е возможно што се случува“… Сепак, победивме и многу ми олесна. Горд сум на своите играчи бидејќи конечно ги израдувавме навивачите. Исто така сум задоволен од она што го видов на теренот, комбинацијата од искусни и млади играчи се покажа како добитна за нас“, посочи Артета.

Со само петтиот овосезонски триумф Арсенал за едно место се помести на табелата и сега е 14-ти со 17 бода, исто колку што има и Лидс.

- Оглас -

Најнови вести