Артуро Видал доби понуда која тешко се одбива

Искусниот чилеански фудбалер Артуро Видал само по една сезона во дресот на Барселона, ја напушта Каталонија и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Според најавите, Видал добил одлична финансиска понуда од еден кинески клуб, а во прилог на неговата одлука оди и доаѓањето на Френки де Јонг во Барса. Каталонците за Де Јонг платија околи 80 милиони евра и сигурно не планираат тој да биде резерва, па Видал останува како трета опција и затоа ќе биде принуден да оди каде што и ќе игра и ќе заработува многу пари.

Договорот на Видал со Барселона е со важност до 2021 година, но нема да има проблем да го раскине ако реши да оди во Кина. Видал и сезонава не играше многу, а со доаѓањето на Де Јонг, минутажата уште ќе му се намали кај тренерот Ернесто Валверде.

- Оглас -

Најнови вести