Ашковски го кажа македонскиот сон: Сакаме ново чудо за прв Мундијал

Стефан Ашковски играше во второто полувреме против Италија и има одличен придонес во сензационалната победа што не доведе на прагот до настап на Мундијалот во Катар.

Ни треба уште еден голем подвиг и триумф против Португалија на 29. март за прв настап на Светските првенства.

„Убеден сум дека можеме многу, а ќе дадеме се од себе да го израдуваме народот и секако и себеси. Не треба да се трошат премногу зборови за Португалија, тоа е квалитетна репрезентација со многу успеси, но ние ќе одиме да одиграме уште еден добар меч, по сензационалната победа против Италија“, вели Ашковски.

Ако ја победиме и Португалија, Македонија ќе испише многу историски моменти. За првпат би учествувале на Мундијал, а патот до Катар би бил уникатен со две победи против четирикратни светски шампиони, Германија и Италија во ист квалификациски циклус и против три селекции што имаат и европски титули, Италија, Германија и Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести