Асистенција на Даниел Аврамовски, но налетот на Кајзериспор е запрен

Газијантеп ја продолжува битката за титула во турската Суперлига, откако попладнево го победи Кајзериспор со 2-1, во меч на кој кај гостите 86 минути одигра македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски.

За Кајзери заврши серијата од две победи по ред, ова е прв пораз на тимот со Аврамовски на терен, но сега ситуацијата во битката за опстанок им е подобра отколку до пред неколку недели. Некогашниот играч на Вардар денеска беше асистент при голот на Кајзериспор.

Газијантеп има само два порази сезонава, сите други имаат барем по четири.

- Оглас -

Најнови вести