АСОМ со донација за семејствата на настраданите во пожарот во Тетово

Со сочувство и поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница за пациенти со ковид во Тетово, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) ќе додели еднократна финансиска помош во висина од по 60.000 денари по семејство.

„Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но, во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош. Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово”, истакнуваат од АСОМ.

Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот крст на РСМ.

- Оглас -

Најнови вести