Аспас и Систо приредија трилер против Севилја, Селта со прва победа од ноември

Селта Виго успеа да го сврти резултатот против Севилја и да слави со 2-1 во мечот од 23-тото коло од Ла Лига. На „Балаидос“ домаќините триумфираа во трилер завршница благодарение на Аспас и Систо, кои стрелаа во последните 12 минути од средбата.

Андалузијците во 23-тата минута поведоа преку Ен Несири, но Селта го подигна нивото на игра знаејќи дека може да застане на последната позиција на табелата доколку не оствари победа и во осмиот последоветелен првенствен меч. За да не се случи тоа, а да се прекине кризата која трае од крајот на ноември минатата година, се погрижи Аспас во 78-та минута, за Систо да го оствари комплетниот пресврт во првата минута од судиското надополнување.

Севилја воедно испушти шанса да застане пред Атлетико Мадрид на четвртата позиција, па остана на петтото место со еднакви 39 бода, додека Селта го напушти дното и со 20 бода застана на 17-тото место.

- Оглас -

Најнови вести