Кратовски Силекс по четвртипат во својата историја е освојувач на Купот на Македонија, откако во големото финале на Националната арена во Скопје славеше со минимални 1-0 над тетовска Шкендија.
Единствениот гол на мечот беше дело на босанскиот интернационалец Али Адиќ во 71-вата минута, која знаеше како да ја претвори во погодок школската контра на кратовци.
Триумфот на Силекс значи дека токму тие ќе бидат третиот македонски претставник во европските купови и ќе учествуваат во квалификациите за Конференциската лига, а губитник освен Шкендија е и Струга, која иако заврши на третата позиција на табелата, сепак, нема да игра во Европа.
Мечот го одбележаа и испадите на навивачите на Шкендија, кои најпрво ја исвиркаа химната на Република Македонија, а потоа продолжија со навредливо и националистичко скандирање, но и објавија спорен транспарент. Во второто полувреме можеа да се слушнат и извици како „мртов каур – добар каур“ и „каурски пи*ки“, па комисиите и телата на ФФМ ќе имаат полни раце работа.

