Силекс го освои четвртиот трофеј од Купот на Македонија, откако во финалето со минимални 1-0 славеше над тетовска Шкендија со голот на Али Адиќ.
Освојувањето на трофејот му донесе на Силекс и учество во квалификациите за Конференциската лига налето.
„Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас.“ – рече тренерот на Силекс, Александар Васоски по триумфот во Купот на Македонија.
На прес-конференцијата по финалето од Купот на Македонија, во прес-салата на Националната арена влетаа и фудбалерите на Силекс, кои буквално го „тушираа“ својот тренер по освоениот трофеј.


