Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург, Герсон Родригес, се очекува да биде ново засилување за новиот шампион на Македонија, Вардар.
Родригес е роден во Португалија во 1995 година, а од 2017 година има државјанство на Луксембург. Во овие осум години собра 72 настапи, на кои постигна рекорди 23 гола.
30-годишниот напаѓач во својата кариера освојуваше шампионски титули во Украина (Динамо Киев), Словачка (Слован Братислава) и во Молдавија (Шериф Тираспол), па нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за Вардар.
Фудбалерот од Луксембург во зенитот од кариерата вредеше три милиони евра, а сега се проценува на 300.000 евра. Негов последен клуб е Канчанабури од Тајланд.

