Скандал: Фудбалерите на Шкендија не ги примија сребрените одличја!

Фудбалерите на Шкендија, но и воопшто никој од таборот на тетовци, не се појави на пиедесталот, каде беа повикани да ги примат сребрените одличја по поразот од Силекс во финалето од Купот на Македонија.

Не е јасно што е причината за ваквата изненадувачка одлука на тетовци. Фудбалерите по мечот беа повикани пред трибината на која беа нивните навивачи, ги соблекоа дресовите и им ги поделија на навивачите и воопшто не се вратија кон тревникот каде официјалниот спикер ги повикуваше.

Скандалозната одлука на екипата на Шкендија е вистински преседан, па со сигурност и за ова ќе следува постапка од ФФМ, како и за се она што се случуваше за време на мечот против Силекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести