Астон вила растура во Премиер лигата, но Емери вели дека не се во игра за титулата

Астон вила синоќа му одржа лекција по фудбал на европскиот и англиски шампион Манчестер сити, но менаџерот на тимот од Бирмингам, Унаи Емери, вели дека сè уште е рано да се зборува дека неговите фудбалери се во игра за титулата.

„Можеме да веруваме во себе, но сè уште не сме конкурент за титулата. Барем седум тима имаат поголеми шанси од нас. Можеби работите ќе се сменат во 31-то, во 32-то коло, но засега не сме кандидат за титулата“, изјави Емери.

Астон вила по 15 кола се наоѓа на третото место на табелата со 32 бода, четири помалку од лидерот Арсенал, додека зад нив е Манчестер сити кој има 30 бода.

Освен тоа, Астон вила заедно со Ливерпул се единствените два тима кои имаат максимален учинок на домашен терен, седум победи во седум меча.

- Оглас -

Најнови вести