Астон вила цели на „пет од пет“ против Лидс на Алиоски

1001 Астон вила – Лидс јунајтед (21ч)

Колото број шест во Премиер лигата стартува со одличен меч меѓу досега непобедливата Астон вила и разиграниот Лидс јунајтед. Домаќините се во серија од четири победи и се единствени во англискиот шампионат со максимален учинок по четири меча (Вила има еден одложен натпреар од првото коло) и планираат да продолжат во ист ритам. Астон вила ваков старт на сезоната немала повеќе од половина век, а сега се соочува со трет последователен голем тест по победите над Ливерпул и Лестер во изминатите две кола.

Лидс тргна добро како премиерлигаш иако претрпе пораз на стартот од шампионатот во голедата против Ливерпул со 4-3, но веќе го запиша и вториот пораз сезонава против Вулвс со минимални 0-1. Можеби токму против расположениот состав на Астон вила, екипата на Езѓан Алиоски ќе го пронајде победничкиот ритам, но како и да е се очекува убад фудбал на „Вила парк“.

Овие две екипи по пауза од 16 години ќе ги одмерат силите во Премиер лигата, а во минатите дуели од Чемпионшип лигата, се паметат три ремија и по една победа на двете страни во последните пет меѓусебни дуели. Според нив, голови вечерва нема да недостасуваат.

Предлог тип: ГГ3+ (1.90)

 

1301 Елче – Валенсија (21ч)

Елче во последните три лигашки средби освои седум од максимални девет бода, што зчачи дека во добро расположение ќе ја пречека екипата на Валенсија. Лилјаците пак, не може да се пофалат со добра форма по двата врзани порази од Бетис и Вилјареал, односно имаат три загубени натпревари по шест кола во Ла Лига.

Тимот од „Месталја“ е во проблеми откако си заминаа главните играчи изминатово лето, а не се доведени засилувања, па така Валенсија наместо да биде при врвот, ѝ се предвидува борба за опстанок во елитата. Грасија не може да смета на првиот напаѓач Макси Гомес, прашање е кој ќе ја тресе мрежата на Елче, нешто што претходно не беше проблем ако се знае дека Валенсија има просек од три гола во последните три средби против Елче кои ги доби.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.85)

 

3001 Сасуоло – Торино (20:45ч)

Ако се земе во предвид моменталната форма на двете екипи, лесно може да се предвиди победа на Сасуоло. Домаќините се во серија од три триумфи во низа во Серија А, во кои реализираа по четири погодци, што значи дека ефикасноста не се доведува во прашање за Сасуоло. Сосема спротивна е ситуацијата со Торино, Биковите без победа во три меча, односно претрпеа три порази со гол-разлика 4-8, што многу му одговара на Сасуоло.

Торино триумфираше во два од последните пет меѓусебни дуели против Сасуоло, но победа на гости не памети од јануари 2014 година, факт кој само ги намалува шансите на Торино во пресрет на вечерашната средба.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.83)

 

1801 Штутгарт – Келн (20:30ч)

Ќе се види дали Дарко Чурлинов, младинскиот македонски репрезентативец, ќе добие прилика за минутажа против поранешниот клуб Келн. Штутгарт по враќањето во елитата влезе во добра форма, црна дамка е само поразот во првото коло од Фрајбург. Домаќините освоија седум од максималните девет бода во претходните три средби, но и натаму се без победа на домашен терен.

Затоа ова е добра шанса конечно да се оствари првиот домашен триумф со оглед на тоа дека Келн нема победа по четири кола и освои само еден бод досега. Штутгарт славеше во три од последните пет меѓусебни средби со Келн, податок кој дополнително е во полза на домаќините и може да значи во типувањето на натпреварот.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.02)

 

1701 Рен  – Анже (21ч)

Рен повторно ќе се бори за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите по историскиот прв пласман во најелитното меѓународно натпреварување. Екипата од „Рожон“ е на само два бода заостаток од лидерот Лил по седум кола во Лига 1, а има учинок од четири победи и три ремија и заедно со Данските доги се единствени без пораз во француското првенство.

Тоа не е добра вест за Анже кој вечерва доаѓа во Рен со пост од два меча без позитивен резултат. Најава за ново разочарување на гостите е нивниот лош учинок на гости кај Рен, откако загуби четири од последните пет гостувања во лигашки рамки, а последна победа памети во септември 1992 година.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.45)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести