Астон вила за малку ќе прокоцкаше два гола предност, победата ја обезбедија резервистите во 89-тата минута (Видео)

Фудбалерите на Астон вила славеа со 3:2 на гостувањето кај Лутон во драматичниот меч од 27-то коло во Премиер лигата.

Тимот од Бирмингам имаше предност од 2:0 по првото полувреме, но Лутон не се предаде и дојде до израмнување во вториот дел, а во последните моменти од мечот, фаворитот постигна гол за триумф.

Во првото полувреме, Астон вила постигна два гола и тоа преку Оли Воткинс кој игра во неверојатна форма сезонава.

Ова беа неговиот 15-ти и 16-ти гол во сезоната и е втор најдобар стрелец во Премиер лигата, со само еден гол помалку од Ерлинг Халанд. Домаќинот во второто полувреме тргна офанзивно и таквата игра вроди со плод, за само шест минути беа постигнати два гола.

Прво во 66-та минута, Тахит Чонг намали на 1:2, а во 72-та минута, Карлтон Морис го израмни резултатот.

Сепак, бодовите за Астон вила ги обезбеди Лукас Дињ со голот во 89-тата минута. Менаџерот на Астон вила, по вториот примен гол, во игра внесе дури четворица играчи и меѓу нив беа асистентот Диаби и стрелецот на победничкиот гол, Дињ.

Астон вила остана на третото место со 55 бода, три помалку од третиот Арсенал, додека е 18-то со 20 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести